Пребарувај по датум:
2022-12-29

Новогодишни пакетчиња и дружење со Дедо Мраз

Новогодишните празници насекаде носат радост за децата. За жал, децата од Украина се далеку од своите домови и оваа Нова година ќе ја дочекаат во поинакво опкружување.

Црвениот крст на град Скопје, како дел од поддршката која ја дава на лицата од Украина со престој во РСМ, на 28 декември организираше настан- предновогодишно дружење и за сите дечиња Дедо Мраз подели новогодишни пакетчиња и приредена беше заедничка забава.

Новогодишните пакетчиња се донација од СДСМ, а освен на овие дечиња, донацијата преку ЦК на град Скопје ќе биде поделена и за децата од Здружение на слепи и лица со оштетен вид -Скопје, дечињата кои се хоспитализирани на детска хирургија, децата на корисниците на Пунктот за бездомници на Црвен крст и лицата кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец.

На сите нив им посакуваме среќно и безгрижно детство со надеж дека наредната година ќе биде повесела и исполнета со многу радосни моменти.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.