Пребарувај по датум:
2022-12-21

Новогодишен хуманитарен базар

Во рамките на социјалниот сервис Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови функционираат три дневни центри за стари лица кои секојдневно се посетени од активни лица во трето доба. Лицата во трето доба учествуваат во активности за подобрување на нивното физичко и ментално здравје, но пред се со голема желби да волонтираат во хуманитарни настани.

На ден 16 декември 2022г. во Веро Центар се реализираше Новогодишен хуманитарен базар каде корисниците  кои  се дел од креативната и сликарската работилница ги изложија нивните рачно изработени новогодишни ракотворби и дела. Целта на овој новогодишен хуманитарен базар е собирна акција за набавка на лекови за лица во трето доба во социјалне ризик.

Лицата во трето доба се позитивен пример дека волонтерството нема возрасна граница.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.