2026-05-15
Нови спасители!
Во периодот од 5 до 12 мај, Црвениот крст на град Скопје – Центар за безбедност на вода успешно организираше курс за спасители на затворени води. На курсот беа пријавени 24 кандидати, а 13 од нив успешно го започнаа процесот на обука, при што се стекнаа со теоретски и практични вештини од областа на безбедноста на вода.
По завршувањето на обуката, 9 кандидати успешно се лиценцираа како нови спасители, додека 4 спасители, поради истекување на важноста на нивните лиценци, успешно го реализираа процесот на релиценцирање.
Новите спасители ќе станат дел од големото семејство на спасители и ќе придонесуваат кон поголема безбедност на водените површини.
Биди пример – биди спасител!
