Пребарувај по датум:
2020-11-19

Нова дисеминациска сесија за лични асистенти и негуватели

Во изминативе два месеци во рамките на Сервисот за лична асистенција на лица со попреченост и Сервисот за помош и нега на стари лица и лица со попреченост, во тек се обуки за обучување на нови лични асистенти и негуватели.

На ден 12 ноември се реализираше нова дисеминациска сесија за кандидатите од двете обуки кои претходно не беа во можност да ја поминаат истата.

Сега сите кандидати, односно 12 кандидати од обуката за лична асистенција на лица со попреченост и вкупно 17 кандидати од обука за помош и нега на стари лица и лица со попреченост се запознаени со почетоците на настанување на Црвениот Крст, со ликот и делото на Анри Динан, основните принципи по кои се води Црвениот Крст, начинот на работа, амблемите, Женевските Конвенции како и основањето, почетоците, начинот на работа на Црвениот Крст на Република Северна Македонија и сервисите кои што се во надлежност на Црвен Крст на град Скопје.

За време на обуката беа почитувани протоколи за заштита од ковид19.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.