NotAlone
Црвен крст на град Скопје се вклучи во глобалната кампања на Меѓународната федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина со наслов #NotAlone или Не сте сами. Целта на истата е да се сензитивизира јавноста за проблемите со кои се соочуваат мигрантите и за тоа дека не се сами во нивното патување и прилагодување во новата средина, често проследено со многу предизвици.
Во училиштето СУГС “Васил Антевски Дрен”- Скопје беше организиран литературен и ликовен конкурс на тема #NotAlone или Не сте сами.
Денеска, 25 април, во просториите на училиштето во присутво над 150 учесници се организираше настан на кој се изложија ликовните творби, се прочитаа најдобрите есеи и се врачија наградите. Учениците имаа можност во возилото на Црвениот крст да проследат VR (Virtual Reality) видео во кое се зборува за мигранти и нивното патување.