НИЕ САКАМЕ, ВИЕ ЗНАЕТЕ, ЗАЕДНО МОЖЕМЕ
МОТОТО ПОД КОЕ СЕДУМ ДЕНА СЕ ОДБЕЛЕЖАА ВО ЗНАКОТ НА ЛИЦАТА ВО ТРЕТО ДОБА
Креативност, ентузијазам, активизам и оргиналност се најсоодветниот опис за активностите кои ја одбележаат минатата недела во рамките на Црвениот крст на град Скопје по повод календарското одбележување на НЕДЕЛАТА НА ГРИЖА ЗА СТАРИ ЛИЦА.
Од 19-25 ноември како дел од проектот: „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“ се реализираа низа активности посветени на старите лица.
Така, беше објавен конкурс за најздрав рецепт помеѓу корисниците на проектот во домашни услови и посетителите во Дневниот центар по што, беа доделени награди за бабичките, кои според нутриционистичката проценка се покажаа најздрави.
Сите рецепти за здрава исхрана беа сумирани во испечатени во брошура која граѓаните на градот скопје во трговскиот центар Skopje City Mall имаа можност да ја добијат доколку како подарок доколку донираат за проектот.
Сите донатори беа дел од т.н. донаторска игра и двајца најсречни донатори на проектот добија викенд за во рекреативниот центар – Солферино во Струга. Волонтерите на проектот заедно со своите корисници во домашни услови обмислија околу 100 пораки за животот и старота и истите преку активноста fortune coffee се дистрибуираа цела недела со секое кафе во просториите на целиот Дом на Хуманитарни Организации Даре Џамбаз и ЦКРМ.
Волонтерите исто така во оваа недела заедно со посетителите во Дневниот центар изработија 120 уникатни, секоја посеба, картички и 200 форматирани идентични картички, за 120те корисници во домашани услови и за пошироката популација.
Дел од овие картички беа поделени во четири автобуски линии на градкиот превоз во Скопје заедно со гербер како симбол на проектот помеѓу лицата во трето доба. Имено, волонтерите во оваа недела ја реализираа активнсота позитиврен пример во авотбус отстапувајќи го своето место за седење на повозрасните во денот кога пензионерите имаат слободен превоз.
За корисниците во домашни услови покрај картичките се организираа и физиотерапевтски масажи за оние кои имаат најмногу потреба. Така, 20 корисници добија масажа од професионален физиотерапевт.
Сите активнсти беа крунисани со голем свечен концерт на кој учество земаа млади и уметници од трето доба со што се поттикна меѓугенерациската соработка, а волонтерите ја изнандија публиката, која броеше нешто помалку од 300 гледачи, со својата креативност и посветеност.
На концертот говор оддржа и градоначалникот на Град Скопје Коце Трајановски кој упати зборови посветени на лицата во трето доба како и задоволството и успехот од имплементацијата на проект за старите лице во ЦКГС.
Оваа недела претставуваше вистинско олицетворение на активното стареење согласно Европската година за меѓугенерациска сорабтока.