Несекојдневен ден на Жичара
Минатиот викенд се случи застој на жичарата. Се направи гужва, паника заради големиот број деца и бремени жени кои тој викенд го избрале да уживаат во убавините на планината.
Членовите на тимот на планина, кои се обучени за пружање на Првата помош веднаш беше ангажиран и на едно лице му се пружи Прва помош.
Се изгледаше дека тука некаде се и ќе заврши. Но, тогаш примивме дојава од едно лице за група од 8 деца на возраст од 14 до 15 години кои залутале на планината.
Веќе се стемнуваше. Успаевме да воспоставиме врска со едно од децата и со големо внимание го следевме описот на пределот каде се лоцирани. Екипата тргна на терен. По неколку часовно барање децата беа лоцирана и мисијата беше успешна.
По 3 лица од Тимот на планина секој викенд и празник дежураат во Спасителната станица на Водно и ја обезбедуваат жичарата.
Тимот месечно во просек има по 3 до 5 интервенции кои обично успешно завршуваат.
За реализација на нивните активности Тимот и Спасителната станица се поддржани од градот Скопје.
Телефонскиот број на кој може да побарате помош е 075/432 355.