Неделата на борба против срцево садови заболувања
Црвен крст на град Скопје традиционално ја продолжува соработката со Специјалната болница за хируршки болести Филип Втори и со низа активности се вклучува во одбележувањето на Неделата на борба против срцево садови заболувањa
21-28.02.
За потребите на кампањата беа подготвени информативно едукативни флаери и постери кои беа испечатени на македонски и албански јазик.
Во рамките на одбележувањето на неделата активности беа реализирани во рамките на клубот на млади на Црвен крст на град Скопје преку едукативна работилница со младите и лица од одделот за психологија и психотерапија (психолошка служба) од Специјална болница за хируршки болести Филип Втори на тема ТЕХНИКИ ЗА СПРАВУВАЊЕ СО СТРЕС КАЈ МЛАДАТА ПОПУЛАЦИЈА. Покрај едукативниот дел, младите имаа можност и самите да бидат вклучени во активноста преку реализација на вежби и техники за справување со стресот.
Специјалната болница за хируршки болести Филип Втори овозможи бесплатни прегледи на млади со кардио васкуларни заболувања кои го посетуваат Дневниот центар за лица со церебрална парализа Капиштец и Дневниот центар за лица со интелектуална попреченост Железара.
Како традиционална активност во рамките на оваа недела беа и посетите на неколку семејства во кои има член со претходно направена интервенција во Специјалната болница за хируршки болести Филип Втори.