2020-02-26
Недела за борба против срцевосадови заболувања
Во рамки на одбележување на “Недела за борба против срцевосадови заболувања”, мобилните тимови за хуманитарна асистенција на бегалци и мигранти распоредени на северната граница на РСМ, одржаа две предавања, и тоа за наставниот кадар при ООУ “Рилиндја” во с. Лојане, како и за наставниците при ООУ ”Браќа Рибар” од село Табановце.
Целта на предавањето беше запознавање на наставниот кадар со заштита и превенција од настанување на срцеви заболувања, при што за сите наставници беа обезбедни флаери за едукација и запознавање со сите ризик фактори кои доведуваат до разни срцевосадови заболувања.
Со предавањата беа опфатени вкупно 26 наставници од двете регионални основни училишта во општина Липково и Куманово.