Пребарувај по датум:
2012-10-18

Недела за борба против шеќерна болест

На 12 Октомври,Петок, по повод Неделата за борба против шеќерната болест, во рамки на Дневниот центар за стари лица се одржа предавање на тема:„ ДИЈАБЕТИС- Колку повеќе знам, толку полесно се справувам“.

Предавањето беше одржано од страна на д-р Љупчо Стефановски, а посетители беа корисниците од двата дневни центри, од Центар и од Чаир.
Во текот на ова предавање, на корисниците им беа пренесени основните информации за дијабетисот, како една од најчестите болести во трето доба, а воедно им беа дадени и препораки за тоа како полесно да се справат со оваа болест.
На крајот на предавањето, на секој корисник му беше дадена можност да постави прашање поврзано со својата здравствена состојба и се разбира на истото да му биде соодветно одговорено.
Во рамки на неделата, во двете простории на Дневниот центар на 45 лица им беше измерен шеќер во крвта и притисок.
Шеќерот им беше измерен и на 15 лица во пунктот за бездомници, во Здравствениот дом во Шуто Оризари на 50 лица и на 33 лица во Амбулантата за бегалци

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.