Недела на промоција на хумани вредности
Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје, во просториите на Музеј на град Скопје организираше настан-одбележување на традиционалната „Недела на промоција на хумани вредности“, следејќи ги насоките на ЦКА ПХВ програмата. На настанот се прикажаа претходно подготвените реклами за активностите на Црвен крст, а младинците чии раскази од конкурсот за краток расказ и фотографија на тема „Промоција на различности“ беа прогласени за најдобри од формираната комисија, ги прочитаа пред присутните. Исто така преку пантомима беше прикажана приказна за култура и различности, а младите од Црвен крст како позитивен пример во различни ситуации. На самиот крај младинците кои изработуваа мали ПХВ проекти како и професори, донатори и поддржувачи кои веруваа во нивната хумана идеја и ентузијазам ги добија своите благодарници. На овој начин го уваживме нивниот труд, но и ги мотивираме да продолжат да волонтираат во редовите на организацијата.