Недела на Промоција на хумани вредности 21-27 септември
Во рамките на 15 –годишната Национална програма на Црвен крст на Р.Македонија, Црвен крст во акција-промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) младите учат за културата како систем на вредности, за културата на дијалог како основен предуслов за градење на интеркултурно опшество, а при тоа и изработуваат и мали проекти за добробит на заедницата.
Покрај обука за дисеминација 1200 младинци од цела Македонија на возраст од 14 до 18 години добиваат обука како да изработуваат мали проекти за добробит на заедница.
Оваа година изработени се рекорни 153 мали проекти од кои еден беше изградба на куќа на социјално загрозено семејство.
Имајќи ја предвид Стратегијата 2020 на Црвен крст на Р. Македонија, третата стратешка цел е унапредување на социјалната вклученост и култура на ненасилство и мир, и токму заради тоа од ова година е воведена нова недела во традиционалниот календар на активности, недела на Промоција на хумани вредности, од 21-27 септември.
Младите од целата држава преку своите клубови на млади при Црвен крст (вкупно 35 клуба) ќе се изведуваат претстави на различни локации пред нивните родители, сооученици, професори,пред целата зеаедница која е истовремено и целна група на целиот проект.
Комплетното сценарио, подготовки, реклами, промоција, ќе биде организирано од страна на младинците. Насловот на тетарот е по истомиениот филм “Погодете кој доаѓа на вечера”.
Основата за сценатиото во филмот ја прави приказната за млада девојка која се вљубува во момче од црна раса, но во контекстот на нашето општество тоа ќе биде некој кој е од различна верска припадност.
Во претставата се појавува и ликот на претставник на Црвен крст кој има поинакви гледишта и кој се обудува да ја врати човечноста во градот. Дали театарот ќе биде трагедија или комедија зависи од самата група која ќе го изработува.
Вo секој град, клуб ќе има само една театарска претстава и младинците после финалната работилница се охрабрени да работат заедно особено во деловите каде имавме обуки на двата јазика.
Преку претставата младинците ќе се обидат да потврдат дека почитта за разновидноста на културите и толеранцијата, дијалогот и соработката, взаемната доверба и разбирањето се меѓу најдобрите гаранции за мирот и соживотот, а ние како претставници на Црвен крст имаме одговорност да дејствуваме.
Со почит,
Црвен крст на Р.Македонија