Пребарувај по датум:
2026-11-24

Недела на грижа за старите лица – недела исполнета со грижа, дружење и солидарност

Црвен крст на град Скопје, во периодот од 16 до 22 ноември, ја одбележа Неделата на грижа за старите лица преку низа хуманитарни, здравствено-превентивни, едукативни и рекреативни активности, во рамките на социјалната услуга „Центар за дневен престој за стари лица за активно стареење и Центар за давање помош во домашни услови“.

Преку реализираните активности беа опфатени повеќе од 1.500 лица во трето доба, со цел поттикнување на активното и здраво стареење, подобрување на здравјето и благосостојбата, социјална вклученост и создавање можности за дружење и размена на позитивни искуства.

Во текот на неделата беа реализирани:

• Здравствено-превентивни активности – мерење на крвен притисок и гликемија на три локации во Скопје;
• Посета на Домовите за стари лица „Светла Надеж“ и „Мајка Тереза” со ансамбл за народни песни и ора „Вања Лазарова“;
• Организирана прошетка во Крушево;
• Заедничко дружење на корисниците од дневните центри Чаир и Сарај;
• Физиотерапевтски услуги во соработка со учениците од СУГС „Панче Караѓозов“;
• Фризерски услуги во соработка со учениците од СУГС „Димитар Влахов“;
• Офталмолошки прегледи и мерење на очен притисок во соработка со „Промедика“;
• Посета на театарска претстава во Македонскиот народен театар;
• Музичко-забавна програма во дневен престој за стари лица;
• ЕКГ-прегледи во соработка со ПЗУ „Family Praxis“;
• Заедничка подготовка на зимница со корисниците на дневните центри и учениците од ОУРЦ „Д-р Златан Сремец“;
• Хуманитарен базар во Веро Центар – Чаир во соработка со волонтерите од ООЦК Чаир.

Преку реализираните активности поттикнавме дружење, социјална вклученост, грижа за здравјето и активно и здраво стареење, создавајќи моменти исполнети со внимание, радост и заедништво.

Грижата за старите лица не е само обврска, туку израз на почит, солидарност и човечност.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.