Пребарувај по датум:
2022-11-25

Недела на грижа за стари лица – Централен настан во Веро Центар

По повод „Недела на грижа за стари лица” социјалниот сервис „Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови” на ден 19.11 (сабота) како централен настан се одбележа во просториите на Веро Центар.

Во рамките на централниот настан се реализираше практично вежбање на Чиконг вежби, креативна работилица и сликарска работилница како и хуманитарен базар со продажба на  сработените дела од работилниците каде што средствата беа пренаменети за социјално ранливи стари лица. Со овие активности на граѓаните им се промовираше какви активности се имплементираат во дневните центри односно што претставува активно и здраво стареење и дека тие се волонтери во нашата организација.

Социјалнито сервис во континуитет продолжува со промовирање на активности за здраво стареење, задоволување на здравтвени и социјални потреби на старите лица како и промовирање на активно стареење и активен пристам кон живото во староста.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.