НЕДЕЛА НА БОРБА ПРОТИВ ШЕЌЕРНАТА БОЛЕСТ (10 – 16 октомври) 2019 год.
Црвениот крст на град Скопје секоја година традиционално се посветува на одбележување на Неделата на борба против Шеќерната болест (10 – 16 октомври) како најчесто ендокринолошко заболување, кое ги засега индивидуите, општествата, градовите и земјите ширум светот и е со тенденција на постојан пораст. За таа цел беа превземени низа на активности со цел да се свеста и информирањето за опасностите кои произлегуваат од оваа болест.
Оваа година вкупно со обука за изведување на постапката на мерење шеќер се стекнаа 23 лица во тек на Неделата на борба против Шекерната болест, а ниво на шеќер во крвта беше измерено на 224 лицe и тоа во Пунктот за бездомници, Дневните центри за стари лица,Домашна посета кај стари лица,Прифатните центри Винојуг и Табановце како и Мобилните тимови Лојане и Ваксинце