Недела на борба против гладта, 16- 22 Октомври
Црвен крст на град Скопје од 16 – 22 Октомври ја одбележа неделата на борба против гладта во чии рамки се организираше кампањата ,,Помислете и на нас ‘’. Целта на истата беше подигнување на свеста за донирање храна, но и поттикнување на солидарност меѓу граѓаните и компаниите. Поддршка кон кампањата дадоа и вработените од Skopje Marriott Hotel, IOM Skopje, Knauf Macedonia, Штедилница Фулм, Silk Road Bank / Силк Роуд Банкаи многу други. Традиционално се организираше посета во ОКТА каде вработените секоја година се откажуваат од својот појадок и средствата ги донираат за лицата во ризик. Оваа година, акцијата ја поддржаа и децата од градинката Пиколини кои го посетија штандот на пред х. Мериот и донираа храна заедно со своите учителки.
Од средствата донирани во акцијата ќе се изготват пакети со храна кои ќе бидат дистрибуирани на социјално ранливо население.