Натпревар по прва помош на градско ниво
Црвен крст на град Скопје и оваа година го организираше традиционалниот градски натпревар по Прва помош за победничките екипи на општинските натпревари во категорија подмладок (ученици од основни училишта на територија на град Скопје).
Учество земаа вкупно 15 екипи. Натпреварот се одржа на 16.05.2015 година (сабота) на Средно Водно во објектот Даре Бомбол под мотото „Првата помош спасува живот“.
На една база младите имаа можност да научат, но и да го потврдат своeто знаење за основните принципи на Црвениот крст, за Женевските конвенции како и за самиот историјат, додека пак на една база можеa да го зајакнат тимскиот дух. На три бази се практицираше првата помош, а на секоја од базите имаше симулација со три повредени лица и згрижување на истите. Првото место го освои екипата од Општинската организација на Црвен крст Гази баба од ОУ “ Кирил и Методи”.