Пребарувај по датум:
2023-06-19

Натпревар по Прва помош

На 19 јуни на платото на Мајка Тереза и улица Македонија во Скопје се оддржа Градскиот натпревар по Прва помош. 15-те најдобри екипи од 5-те Општински организации на Црвен крст Кисела Вода, Центар, Гази Баба, Чаир и Карпош земаа учество.

Првото место на натпреварот освоија ученици од ОУ “ Александар Урдаревски”од ООЦК Чаир, второ место освоија ученици од ОУ “ Дане Крапчев” од ООЦК Гази Баба и трето место освоија ученици од ОУ” Кирил и Методиј” од ООЦК Чаир.

Честитки за победниците и сите учесници. Голема благодарност за сите судии, манекени, шминкери, ментори, водичи и демонстратори.

Знаењата и вештините за укажување прва помош треба да бидат дел од сечие секојдневие, бидејќи се применуваат во секој сегмент во животот. Често пати навремено и адекватно пружената прва помош значи спасен живот. Во оваа насока подеднакво се важни едукациите по прва помош за учениците од средните и основни училишта како и за целокупниот наставен кадар во училиштата, кои ќе можат на своите соученици во случај на итност да им дадат прва помош.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.