Пребарувај по датум:
2020-08-26

Насоки за превенција од КОВИД-19

Црвен крст на град Скопје со поддршка на Швајцарскиот Црвен крст започна со активности за рано закрепнување од КОВИД-19 за лица во трето доба. Активностите се во насока на задржување на менталното здравје преку работилници за работна терапија и психотерапии. За таа цел, Црвен крст на град Скопје изработи и едукативно видео. Истото, вклучува насоки за превенција од КОВИД-19, вежби за дишење, вежби за физичка активност и совети за активности во домот во време на изолација, а прилагодени на лицата во трето доба. Активностите се имплемнтираат преку сервисот за стари лица ,,Дневен центар за стари лица и центар за давање помош во домашни услови“. Никогаш не ги забораваме нашите корисници. Искрено ги почитуваме и уважуваме старите лица со кои работиме во континуитет.

Проследете го видеото, уживајте и вежбајте!

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.