2020-06-17
Намалување на последиците од Ковид19
Продолжуваме со дистрибуција на хуманитарните пакети обезбедени од страна на нашите партнери и донатори УСАИД со цел намалување на последиците од Ковид19. Пакетите се наменети за социјално ранливи семејства. Дистрибуцијата се одвива преку мобилните тимови на Црвен крст на град Скопје и 5-те Општински организации на Црвен крст во Скопје согласно списоци добиени од страна на Министерство за труд и социјална политика и локалните канцеларии на Центарот за социјални дејности. И со оваа активност влијаеме врз намалување на ранливсота на социјално загрозените лица во состојба на пандемија.