Пребарувај по датум:
2018-09-05

„Нахрани 10 000“

На иницијатива на здружението „ Ајде Македонија“ Црвен крст на град Скопје се приклучува во донаторски настан„Нахрани 10 000“ – национална акција за донирање на храна на одбрани локации и нејзино дистрибуирање до социјално загрозените граѓани. Целта на акцијата е еднаш месечно да се собира храна која ќе заврши во рацете на 10 000 граѓани.

Првата собирна акција ќе се одржи на 6 септември од 10:00 – 19:00 часот пред Сити Мол (кај Плеј кафе) каде ќе се постави штандна кој волонтерите на Црвен крст на град Скопје ќе ги превземаат донациите.

Преку активноста, ќе се промовира солидарност и сензибилизација со социјално загрозените, како и потсетување кон граѓаните дека гладните имаат потреба од храна секој ден, а не само на меѓународни денови и еднократни настани. Ги покануваме сите хумани и општествено одговорни граѓани да го поддржат настанот и да донираат конзервирана и нерасиплива храна.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.