Награди и признанија на полето Крводарителство
Црвен крст на град Скопје, традиционално, по повод 13 Ноември, доделува награди и признанија на полето унапредување на крводарителството на територија на град Скопје за минатата, 2019 година. Оваа година, признанија добија:
Звонко Васев ( ООЦК Центар) – Крводарител со најголем број евидентирани крводарувања
Маја Филипчева (ООЦК Карпош) – Мотиватор со постигнати најдобри резултати на полето крводарителство и унапредување на крводарителството во текот на 2019 година
МВР Центар за обука кадри (ООЦК Гази Баба) – Работна организација со постигнати најдобри резултати на полето крводарување за 2019 година
СЕПУГС Васил Антевски Дрен – Образовна институција со постигнати најдобри резултати на полето крводарување за 2019 година
Един Халим (ООЦК Чаир) – Најуспешен млад крводарител (со најмногу евидентирани крводарувања до 25 годишна возраст )
Слаѓана Јанчева (ООЦК Гази Баба) – Крводарителка со најмногу евидентирани крводарувања
ООЦК Чаир со најуспешна реализација на годишниот план за крводарување
Поради состојбата со Ковид-19, оваа година чинот на доделување на признанија се раелизираше на 25.11 во големата сала на Црвен крст на РСМ.
Честитки до сите наградени, позитивен пример во нашата зедница.