2024-12-18
На собранието на Црвен крст на град Скопје доделени признанија на полето крводарителство
На 17 декември се одржа програмскотo Собрание на Црвен крст на град Скопје со цел усвојување на програмата за работа за 2025 година. На свечениот дел беа доделени награди и признанија на поединци и институции/организации кои оствариле најдобри резултати и придонес на полето промоција и унапредување на крводарителството на територија на град Скопје.
Согласно номинациите од Општинските организации на ЦК на територија на град Скопје, оваа година, во склоп на свечениот дел Собранието на ЦКГС, наградени беа:
- МИЛЕ ПЕТКОВСКИ Крводарител со најголем број евидентирани крводарувања (115 крводарувања)
- АНЕТА ТРПКОВА Крводарителка со најмногу евидентирани крводарувања (42 крвоарувања)
- БОЈАН ГАВРИЛОВСКИ Најуспешен млад крводарител (со евидентирани 26 крводарувања)
- ДАВОР КАЛИНОСКИ Мотиватор на полето крводарителство и унапредување на крводарителството
- Др. МАРИЈА МИЦЕВСКА за постигнати особени резултати на полето промоција и унапредување на крводарителството
- ЈЗУ ЗДРАВСТВЕН ДОМ НА СКОПЈЕ- ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР и МЕЃУНАРОДНА ПОЛИЦИСКА АСОЦИЈАЦИЈА (ИПА) Институции со постигнати најдобри резултати на полето крводарување за 2024 година
- ООУ „ЛАЗО АНГЕЛОВСКИ“ Образовна институција со постигнати најдобри резултати на полето крводарување за 2024 година
- ООЦК Центар Општинска организација со постигнати најдобри резултати, споредбено со бројот на реализирани дарувања од минатата година
Честитки до сите наградени, кои се мотивација за сите потенцијални дарители и позитивен пример за високо поставена хуманост, солидарност и алтруизам.