Пребарувај по датум:
2020-06-11

На друга страна на „Центарот“

На друга страна на „Центарот“

Елеонора е дел до тимот на Црвен крст на град Скопје, и е одговорна за работењето на  Дневниот центар за лица во трето доба. Во изминатите три месеци, како резултат на појава на КОВИД 19,  дел од редовните активности на Црвен крст се стопирани. Медицинските сестри се активни на терен и  ги посетуваат корисниците во домашни услови, но во Дневниот центар веќе три месеци не доаѓаат корисниците. Инаку, простор кој вообичаено е исполнет со лицата во трето доба, со нивни насмевски, муабети, место во кое се плете, каде се пие чај, каде се вежба чи-кон вежби, каде се црта, учи англиски…е празен. Еленора вели дека многу и недостасуваат корисниците и дека чека кога вратите на Центарот повторно ќе се отворат. Таа секојдневно е во комуникација со нив и преку тимот на медицински сестри им даваат поддршка како полесно би ја надминале ситуацијата. Црвен крст на град Скопје има отворено и три СОС линии за поддршка како на лицата во трето доба така и на сите на кои поддршката им е потребна.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.