2019-07-09
Мотивациско предавање
Во просториите на Европски Универзитет, реализирано беше мотивациско предавање на тема Крводарителство- зошто е важно да се дарува крв, кое претходи на планираната крводарителска акција за нивните вработени закажана за 31 мај. Предавањето беше во насока на запознавање на присутните со фактите за крвта, крвните елементи, начините за дарување крв како и улогата на Црвениот крст во овој процес. Присутните поставија низа прашања поврзани со темата, појаснети им беа предрасудите и нејасните прашања и покажаа интерес да даруваат крв на планираната акција во нивните простории која ќе ја реализира Општинската организација на Црвен крст Центар.