Пребарувај по датум:
2018-10-28

Мотивациска работилница за деца со оштетен вид

Во рамките на Центарот за поддршка за лица со оштетен вид – Црвен крст на град Скопје на 25.10.2018 година во ДУРДМОВ “Димитар Влахов”, се реализираше мотивациска работилница за деца со оштетен вид.

Мотивациската работилница во организација на тимот на Центаротво училиштетосе реализира на месечно ниво, со цел ставање на акцент на индивидуалните позитивни вредности кај децата со оштетен вид. Целта на овој вид на работилници е анимирање на децата со оштетен вид и мотивација за што поголемо активно учествување во секојдневните активности на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид. Работилницата се состоеше од неколку вежби во кои децата со оштетен вид преку една интеракција, забава и тимска работа ги постигнаа саканите резултати со откривање на нивните лични квалитети и вештини кои ги поседуваат. Сите учесници на работилницата покажаа голем интерес за учество во наредни работилници и активности во реализација на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид поради што, Центарот во иднина ќе продожи со реализирање на повеќе мотивациски работилници. На работилницата активно учество земаа 19 учесници – ученици од ДУРДМОВ „Димитар Влахов“, корисници на Центарот за поддршка на лица со оштетен вид и тимот на Центарот.

       Центарот за поддршка на лица со оштетен вид се имплементира во рамките на „Проектот на УСАИД и ЛЦИФ за деца со пречки во видот“.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.