Мојата Ковид приказна
По повод 8 мај, Денот на Црвениот крст и Црвената Полумесечина, преку ПХВ програмата беше организирана онлајн промоција на книгата “Мојата Ковид приказна”. Книгата содржи 18 приказни во кои се опишани личните начини на справување со пандемијата на 18-те пријавени инструктори-волонтери во ПХВ програмата.
Приказните се напишани минатата година кога многу нешта беа далечни, нејасни и збунувачки. Во книгата преовладуваат чуствата, се допираат пречките, но и се наслутуваат предизвиците со кои секој еден од нив се соочил. Самата книга претставува начин и алатка преку која дел од проблемите се надминуваат и канализираат, преку заедничка тимска поддршка, преку разговори, споделување на чувства и меѓусебна поддршка. Секоја приказна може да биде на некој друг, бидејќи стравот, несигурноста, неизвесноста, беа универзани чувства за секој човек.
Црвениот крст продолжува да ги мотивира волонтерите на различни начини, да работи со нив и да ја негува тимската работа.
Промотер на книгата е проф.д-р Илина Јакимовска од Институтот за етнологија и антропологија.