Пребарувај по датум:
2026-08-24

Моето срце во сите бои

Во периодот од 17 до 22 август, во Солферино, Струга, беше реализиран летен камп за деца со вродени срцеви аномалии, во соработка со „Жан Митрев“ клиника.

Активностите се реализираа според однапред подготвена програма, со цел децата и нивните родители да поминат исполнети, интересни и убави денови. Волонтерите на Црвениот крст, во координација со стручниот тим од клиниката – психолог и физиотерапевт, ги поттикнуваа децата и родителите активно да се вклучат во програмата.

Посебно доживување беше креативната работилница со Институт.мк во рамки на која децата имаа можност сами да изработуваат балсам за усни и спреј за тело, стекнувајќи нови знаења и искуства на креативен и забавен начин. Дел од кампот беа и поставувањето шатори, запознавањето со природата и првите искуства со кампување.

Преку дружењето и заедничките активности, децата создаваа нови пријателства, споделуваа радост и создаваа спомени што ќе останат долго во сеќавање, а родителите имаа простор за меѓусебна поддршка, разговор и размена на искуства.

По 15 години континуирана реализација, овој камп уште еднаш потврди дека кога сме заедно, создаваме повеќе од активности – создаваме пријателства, доверба и спомени за цел живот.



Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.