Пребарувај по датум:
2019-07-16

,,Моето срце во сите бои‘’

Во насока на психосоцијална поддршка на деца со вродени срцеви аномалии, Црвен крст на град Скопје и Специјалната болница Zan Mitrev Clinic во периодот од 01-07 јули во Солферино, Струга  традиционално го реализираа  летниот  камп ,, Моето срце во сите бои ‘’.

На истиот, согласно претходно подготвената програма со волонтерите од Клуб на млади при Црвен крст на град Скопје  се организираа  активности за социјализација и дружење со децата како: утринска гимнастика и џогирање покрај езерото,  претставување на самите себе преку цртежи, можност секој да го покаже својот талент, секојдневни вечерни забави на кои сите заедно уживаа со многу музика ,  и уште многу  разновидни  игри кои го задржуваа вниманието на децата и ги потикнуваа активно да се вклучат во предвидените  активности како и еднодневна екскурзија во Охрид. Исто така волонтери од тимот за одговор при катастрофи ги учеа децата како да наместат шатор и што е важно да понесат кога кампуваат.  Паралелно со ова, за родителите се реализираат едукативни работилници со лекари од Zan Mitrev Clinic посветени на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и развој на децата, како и групни и индивидуални работилници со психолог  од истоимената клиника. Интересно е што родителите се вклучија во скоро сите игри со децата и волонтерите кои беа адаптирани и интересни да можат сите да уживаат во текот на кампот. За нив се организираше и дисеминација преку која се запознаа со историјатот на  Црвен крст , одделите и активностите имплементирани преку организацијата. Како што и самите кажаа од кампот си заминаа со прекрасни спомени , нови пријатели но и желба за поскора заедничка средба.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.