Пребарувај по датум:
2017-07-17

Моето срце во сите бои

Во насока на психосоцијална поддршка на деца со вродени срцеви аномалии, Црвен крст на град Скопје и Специјализирана болница по хирушки болести Жан Митрев во Струга во центарот Солферино седма година по ред го реализираат летниот камп “Моето срце во сите бои”. 
На истиот се подготвија активности наменети за социјализација и дружење со децата како: утринска гимнастика , можност секој да го покаже својот талент, караоке забави, запознавање со Прва помош и вежби на вода кои волонтерите од ООЦК Охрид ги подготвија како и вежби за правилно дишење реализирани со физиотерапевт. Се организираше и еднодневна екскурзија за целата група во Охрид. Парарелно за родителите се организираат едукативни работилници со лекари и психолози од болницата посветени на ВСА и нивното влијание врз натамошниот раст и развој на децата.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.