”МЛАДИТЕ СЕ НА ПОТЕГ”
Одбележан Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина.
На 8 мај, со почеток во 12:00 часот, на кејот на р. Вардар Црвениот крст на град Скопје заедно со ООЦК
на (кај Градска плажа/ одбојкарско игралиште) го одбележи 8-ми Мај Светскиот ден на Црвен крст и Црвената полумесечина.
Настанот се одбележа под мотото „Младите се на потег“.
Централната манифестација беше реализирана преку хепенинг, хуманитарна трка на која учествуваа околу 300 средношколци од скопски училишта и младите од клубовите на млади на Црвен крст на територија на град Скопје.
Целта на настанот беше поттикнување и истакнување на младите и нивните постигнувања во рамките на опкружувањето.
Во рамките на неделата на Црвениот крст (08-15.05) ќе бидат реализирани и дисеминациски предавања со цел ширење на идејата на Црвениот крст и информирање на младите за организацијата и можностите за вклучување во големото семејство хуманисти- волонтери, издаден е новиот број на инфо гласилото на ЦК Нова димензија, а сите активности промовирани се преку средствата за јавно информирање.