Месецот на љубовта во име на сите наши срцеви херои
Под мотото ,,МЕСЕЦОТ НА ЉУБОВТА ВО ИМЕ НА СИТЕ НАШИ СРЦЕВИ ХЕРОИ” Црвен крст на град Скопје во соработка со ZAN MITREV CLINIC ја одбележи неделата за борба против срцево садови заболувања. Во просториите на клиниката се реализираа искуствени работилници со психолог, физиотерапевт и нутриционист на следните теми:
– Најсилните срца имаат најмногу лузни – што можам јас да направам за своето срце?
– Да се биде активен за здраво срце
– Колку исхраната придонесува за добро здравје и енергија?
Младите внимателно слушаа и активно се вклучија во секоја работилница и посебно важно за нив беше што секој од нив имаше можност да разговара и се посоветува со тимот од ZAN MITREV CLINIC за се што ги интересира, а е значајно за нивното здравје.
Исто така во рамките на активностите се организираа и бесплатни прегледи за 10 деца од семејствата на баратели на азил.