2019-11-29
Месец на борба против зависности
На 25.11.2019 – а по повод “Месецот на борба против зависности”, лекарот од мобилниот тим од Лојане оддржа презентација на учениците од деветто одделение, во основното училиште “Рилиндја” -Лојане.
Целта на презентацијата беше да ги запознае младите за видовите зависност, последиците од самото конзумирање, и за потешкотиите со кои се соочува самото семејство на зависникот.
Учениците покажаа активност, желба и заинтересираност и за понатамошна слична соработка и активност во рамките на училиштето заедно со Црвен крст.