Меморандум за соработка
Меморандум за соработка со Црвен крст на град Нови Сад
Потпишан меморандум за соработка На 12 и 13 мај, делегација од Црвен крст на град Нови Сад предводена од д-р Братољуб Бркљача- претседател, г. Драган Лазиќ –секретар и член на Извршниот одбор г. Демо Бериша , оствари посета на Црвен крст на град Скопје. Во рамките на истата беше потпишан меморандум за соработка помеѓу двете организации. На средбата, Секретарот на Црвен крст на град Скопје Сузана Т. Пауновска го истакна значењето на вакви иницијативи, во насока на унапредување на работата. Во текот на оваа посета, разменети беа искуства од работењето на двете организации, а посетени беа и Дневниот центар за крводарителство, Дневниот центар за стари лица, продавницата за половна облека „Копче“, магацинските простории на Црвен крст на РМ и Црвен крст на град Скопје, пунктот за бездомини како и планинско спасителната станица во објектот „Даре Бомбол“ на средно Водно. Делегацијата оствари посета и со генералниот секретар во просториите на Црвен крст на РМ.