Меморандум
На 18.07.2013 во Црвениот крст на Р. Македонија беше потпишан меморандум за соработка помеѓу Црвениот крст на Р.Македонија и Спортскиот центар Борис Трајковски.
Со овој меморандум за соработка, 34 лица кои го поминаа курсот за спасување на вода организиран од страна на Црвениот крст на град Скопје од Центарот за безбедност на вода, и со тоа се стекнале со лиценца за спасители на вода, ќе бидат ангажирани како спасувачи во Аква Паркот кој е составен дел од Спортскиот центар Борис Трајковски, а беше отворен на 21 јули.
На чинот на потпишување присуствуваа преставници од Црвениот крст, претставници на Спортскиот центар Борис Трајковски, спасителите кои ќе бидат ангажирани во текот на летниот период и претставници на медиумите кои го проследија и промовираа овој настан.
34 спасители на вода и едно медицинско лице, волонтери на Црвениот крст, потпишаа договор за привремено ангажирање во Аква Паркот во текот на летниот период.
Спасителите својата спремност да гарантираат за безбедноста на посетителите на паркот ја покажаа уште првиод ден кога имаше тиесетина повреди кои тие успешно ги санираа.
Центарот за безбедност на вода организира и дополнителен курс за резервни спасители, се со цел непречено реализирање на активностите на Аква паркот.