Пребарувај по датум:
2019-07-09

МЕЃУНАРОДНИ ВОЛОНТЕРИ – ДАВИД ОЛСЕН ОД НЕВАДА, САД – ,, СУПЕР Е ЧУВСТВОТО НА ДА СЕ БИДЕ ДЕЛ ОД ОРГАНИЗАЦИЈА КОЈА ПОМАГА НА ТОЛКУ МНОГУ ЛУЃЕ“

Веќе трета година по ред Давид Олсен од Невада, САД преку Мировниот Корпус на Северна Македонија волонтира во нашата држава. Од декември 2018та 4 дена во неделата работи на разој во Црвен крст на град Скопје. Во својата матична земја работеше за националните агенции за финансии, а пензионерските денови ги подарува Македонија и ранливото население со кое работи Црвен крст на град Скопје. Повеќе од половина година работи на унифицирана дата база на лица во ризик со што ќе се олесни пристапот до хуманитарна помош како за загрозените лица така и за професионалците кои работат со нив. Изминатиот месец во нашата организација го прослави својот 63ти роденден и е вистински пример за активно стареење и волонтеризам во третот доба. Благодараност до Давид и Мирновниот Корпус на Северна Македонија со нашето Национално Друштво има склучено меморандум за соработка години наназад.  

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.