МЕЃУНАРOДНА ШКОЛА ЗА МИГРАЦИИ 2023
Од 17 – 21 септември во Струга, Црвен крст на град Скопје организираше Меѓународна школа за миграции.
На школата учество земаа претставници од Националните Друштва на Црвен крст: Грција, Бугарија, Албанија, Италија, Србија, Хрватска, Црна Гора, Русија, како и учесници од РСМ.
Учесниците имаа можност да учат од експерти од областа на миграции и низ процес на дискусии да разменат ставови и гледишта за мешаните мигациски текови. Претставници на Министерството за внатрешни работи, УНХЦР, ИОМ, МИЛА. Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина и други, беа дел од програмата на школата. На истата се реализираше и панел дискусија со министерот за внатрешни работи г-дин.Оливер Спасовски и Генералниот Секретар на Црвен крст на РСМ г-дин.Саит Саити.
Покрај дискусиите и предавањата, учесниците беа дел од симулациска вежба и други активности за практично приближување на материјата.
Оваа активност е поддржана од страна на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина.