Пребарувај по датум:
2018-03-31

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

Црвен крст на град Скопје во соработка со здружението на графичи дизајнери „Плакарт“ како дел од проектот „Училишни клубови за едукација и превенција“ поддржан од Град Скопје, објавува

МЕЃУНАРОДЕН НАГРАДЕН КОНКУРС

на тема: НАСМЕВКА J „Насекаде за секого“/ SMILEJ„Everywhere 4 everyone“

Во пресрет на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина 8 мај, но и во текот на целата 2018 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “Насекаде за секого”.

Оваа година имаме за цел да ги прошириме знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нашата работа и универзалноста во нашиот пристап. Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – насмевката.

Насмевката е универзален знак на среќа, удобност и задоволство.

За волонтерите, тоа значи добро завршена работа. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи.

Фокусирајќи се на акција и позитивни промени во заедницата, ќе ги споделиме позитивните приказни за промени и надеж со повикот за акција “Споделете го она што поттикнува насмевка”.

Со цел промоција на работата на Црвениот крст и позитивните промени во заедницата, Црвен крст на град Скопје, со поддршка на здружението на графичи дизајнери „Плакарт“ објавува награден конкурс на тема: НАСМЕВКА J „Насекаде за секого“/ SMILEJ„Everywhere 4 everyone“

Конкурсот ќе биде отворен од 1 април до 1 мај 2018 година.

Конкурсот е наменет за ученици, студентите на факултети / академии / колеџи за уметност и дизајн регистрирани во образовна институција како и сите професионални дизјанери без ограничување на возраста за пријавување. Секој учесник може да аплицира максимум три постери;

Групни апликации не се дозволени.

УСЛОВИЗА УЧЕСТВО

  • Плакатот треба да ја промовира темата НАСМЕВКА J „Насекаде за секого“/ SMILEJ„Everywhere 4 everyone“
  • Поднесениот плакат мора да биде со димензии 500 х 700 мм со резолуција 150 dpi во CMYK профил во формат PDF или JPG. Фајловите не треба да бидат поголеми од 25 мб и треба да се испратат на електронската адреса не подоцна од 1 мај 2018 година (до 00:00 ч).
  • Сите користени фонтови треба да бидат векторизирани или растеризирани.
  • Изборот на најдобро идејно решение ќе го направи 3 (три) члена комисија составена од претставници од Црвен крст, Град Скопје и здружението на графички дизајнери „Плакарт“.
  • Не е дозволено користење на дизајни/материјали за кои не поседувате авторски права.

Организаторите го задржуваат правото да ги користат поднесените вузуeлни решенија за презентација и медиумска употреба и за репродукција за промотивни цели во рамки на меѓународните промотивни активности и кампањи.

Сите пристигнати идејни решенија авторите ќе ги отстапат на Црвен крст на град Скопје и во иднина истите може да бидат искористени исклучиво од Црвен крст во кампања и/или во активности за промоција на организацијата и волонтерската ангажираност.

Црвен крст на град Скопје/ Здружението на графички дизајнери „Плакарт“/Град Скопје

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.