Пребарувај по датум:
2008-05-29

Медиумска покриеност

Мали проекти изработени во раките на програмата Црвен крст во акција-Промоција на хумани вредности се за добробит на заедницата. Тоа се проекти кои во себе носат една особено хумана и благородна суштина

Некои од нив за своја цел имале собирање на парични средства за зпасување на детски  живот, за обновување на опожарен дом,  за стипендија за понатамошно школување. Тоа беа проекти кои влијаеа квалитативното врз менувањето на нечји живот.
Токму поради сите овие причини седум од овие 116 проекти, кои се издвоиа со својата особено благородна природа, почнувајки од 30 мај па се до 18 јули, ќе бидат презентирани секој петок од осум часот во утринската програма на МТВ1.  Ова претставува одлична шанса младите луѓе кои вредно работеле во текот на целиот циклус да го презентираат сето она што успеале да го направат, а воедно да мотивираат ис то е мозно поголем број на млади луѓе да го следат нивниот пример.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.