2025-05-12
Mедицинска поддршка на Халк Еко Ран Скопје 2025
На 11 мај 2025 година се одржа уште едно енергично издание на Халк Еко Ран Скопје 2025, кое оваа година собра голем број љубители на спортот и рекреацијата.
Тимот за одговор при катастрофи на Црвен крст на град Скопје беше распоредeн долж патеката од 10 километри, обезбедувајќи медицинска поддршка за сите учесници. Нашите волонтери беа подготвени да реагираат во секој момент и дадоа придонес за безбедно одвивање на трката.
Во текот на настанот беа забележани 20 медицински интервенции.
Честитки за организаторите, учесниците и поддржувачите на овој спортски предизвик!