Пребарувај по датум:
2016-01-25

Медицински обезбедувања за 2015 година

Медицинските тимови на Тимот за одговор при катастрофи минатат година постојано беа на терен со цел медицински обезбедување на настани организирани од страна на градот Скопје или пак некои други институции, организации, училишта, компании и сл.

Членовите на тимот се вклучија во 31 настан или во просек по 3 настани на месечна основа со вкупно 236 волонтери. Бројот на медицински интервенции изнесува 298. Од поголемите настани се издвојуваат обезбедувањето за верскиот празник Водици како и Скопскиот маратон. Членовите на тимот постојано се праќаат на нови тренизни и едукации за полесен одговор во случај на катастрофа или пак медицинско обезбедување.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.