Пребарувај по датум:
2012-09-11

Масажа

На крајот на месецот Август, во рамките на Дневниот Центар за стари лица и Центарот за давање помош во домашни услови, а во соработка со Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” од Скопје, беа организирани тераписки третмани за корисниците на дневниот центар.

Во рамките на оваа соработка дел од корисниците на Центарот за давање помош во домашни услови добија третмани на медицинска масажа во нивните домови од страна на обучени масери физиотерапевти од овој завод. Исто така третмани на масажи беа организирани и за посетителите на Дневниот центар во просториите во Центар и Чаир.
Физиотерапевтите со оштетен вид изразија желба да продолжат со својата волонтерска работа во рамките на активностите на Црвениот крст, со што оваа убава соработка помеѓу Црвениот крст на град Скопје и Заводот за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид “Димитар Влахов” ќе продолжи и во иднина.

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.