Пребарувај по датум:
2018-11-14

Мали иницијативи-големи радости

Вработените и волонтерите од Црвен крст на град Скопје како и граѓани –поединци, изминатиот месец започнаа акција во соработка со Колективниот постапувач Нула Отпад . На одреден датум, сите имаа можност да го донираат својот неупотреблив и непотребен електричен отпад од  нивните домови. Сите беа поттикнати да се вклучат во акцијата заради хуманата димензија на истата, но и заради правилниот начин на отстранување на електричен отпад, со што директно ја штитиме нашата планета.  Нула отпад во соработка со Техномаркет во редовни ситуации донира вредносни ваучери за нова опрема, но овој пат сите се откажаа со цел да се собераат доволно средства за да му се помогне на еден корисник на Црвениот крст. Тој по долги години доби свое катче за живеење од страна на државата кое требаше да се среди и опреми. Многу граѓани и добри соседи му помогнаа, а ние со оваа акција му обезбедивме машина за перење и мал електричен шпорет. Само здружени може да направиме повеќе. Им благодариме на сите кои беа дел од оваа мала иницијатива. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.