Мали чекори за значајни животни промени
Во насока на промовирање на здравјето како приоритет во соработка со клиника Жан Митрев, од 21-28 февруари, се одбележа неделата за борба против срцево садови заболувања. Целта на заедничката активност е подигнување на свеста за ризиците кои ги носат срцево садовите заболувања но и превенција преку здрави животни навики.
Во рамки на неделата се организираа мерење на сатурација на кислород во крвта –активност наменета за граѓаните, бесплатни прегледи за корисници со интелектуална попреченост од дневниот центар ,,Пролет” како и пост ковид прегледи за ранливо население.
Претставник од Црвен крст на град Скопје со психолог и медицинска сестра од клиниката, посетија и 3 семејства чиј член има направено интервенција. Целта на истата беше постоперативна поддршка како на лицето така и на неговото семејството.
И оваа година 20 младинци имаа можност да слушнат и добијат корисни совети од страна на тимот психолози, физиотерапевт, нутриционист и генетичар.
Сончевото време се искористи и за заедничко дружење на волонтерите со малите херои со вродени срцеви аномалии кои во клиниката поминаа успешна интервенција но и дел од нив се учесници на летниот камп кој во х. Солферино, Струга со Zan Mitrev го организирааме долги години.
За време на сите активности за внимаваше на мерките за заштита.