Македонска делегација на Студиска посета на Швајцарскиот Црвен крст
Во период од 25-28.10 делегација од Северна Македонија во состав Катерина Гиевска(Стручен соработник и координатор за интеграција во ЦКГС), Соња Кипровска(Раководител од ЗСД) и Зоран Дранговски(Раководител во МЗМП) реализираа студиска посета на Швајцарскиот Црвен крст односно Националните канцеларии на Црвен крст Швајцарија како и кантоните Берн и Цирих.
Посетата беше со цел унапредување на моделот за интеграција на лицата под меѓународна заштита во РСМ кои ги имплементира ЦКГС. За време на посетата се остварија директни средби со претставници на државниот сектор за миграции и интеграција на Швајцарија на регионално и национално ниво.
Претставниците на нашата земја учествуваа во панел дискусија со високите претставници за миграции на Меѓународната Федерација на Црвен крст и Црвена полумесечина со седиште во Женева. Организацијата на настаните во Швајцарија беше од страна на Софи Херсинг(Sophie Hersing) одговорна за поддршката која ЦК Швајцарија ја насочува во балканскиот регион.