Љубовни ноти
Клуб на млади на Црвен крст на град Скопје во соработка со Совет на млади на Американска амбасада и средното музичко училиште Илија Николовски – Луј го организираа хуманитарниот концерт со наслов Љубовни ноти. Истиот има за цел да ја промовира музиката и хуманоста. Оваа година учениците од средното музичко училиште и пејачката Јана Бурчевска со своите прекрасни изведби успеаа да го задржат вниманието на публиката но и да придонесат целиот настан да помине во пријатна и опуштена атмосфера. Со собраните средства на 8-ми март, во соработка со здружението “Животна искра”, младите ќе ги посетат пациентките оперирани од канцер на клиниката на Онкологија и торакална хирургија и ќе им бидат подарени мали подароци во знак на поддршка кон нивната борба со ова заболување.