Пребарувај по датум:
2013-02-18

Љубовни ноти 5

Клубот на млади при Црвен крст на град Скопје годинава по петти- јубилеен пат го реализираше хуманитарниот концерт под наслов Љубовни ноти 5.

Концерото се одржа на 15.02.2013 год. во големата сала на ФАКУЛТЕТОТ ЗА МУЗИЧКА УМЕТНОСТ и на истиот настапуваа учениците од ДМБУЦ ,,ИЛИЈА НИКОЛОВСКИ-ЛУЈ,,.

Како специјални гости на концерот настапија и г-ѓа Виолета Томовска- доајен на македонската музика и Баже и Бојан Маротови. Истите го збогатија настанот со традиционални македонски староградски изведи и македонски евергрини.

Концертот е хуманитарен, а сите сите оние кои  беа присутни на настанот имаа можност да донираат преку поставените касички со знакот на Црвен крст.

Собраните средства се наменети за децата од Дневниот центар за деца од улица Ш. Оризари. 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.