Ликовна колонија “Струга 2012”
Во текот на месец Август (23-30.08), во Центарот за едукација и рекреација – Солферино во Струга, академски ликовни уметници од Р. Македонија, Србија, Словенија беа учесници на годинешнава ликовна колонија .
Организаторот (Црвен крст на град Скопје) за секој учесник обезбеди платна, бои, растворители и останати материјали потребни за творечкиот процес, а секој учесник остави во трајна сопственост на Црвен крст на град Скопје по две слики со најразлични ликовни техники и стилови кои се нивно лично обележје.
Традицијата за одржување на ликовни колонии во организација на Црвен крст на град Скопје трае веќе години на ред и е одлична можност за промоција на Црвениот крст, но и можност за дружење, размена на искуства и начин за пренесување на дел од своето културно наследство.