Пребарувај по датум:
2008-11-15

Ликовна изложба и награди за најуспешни на полето на крводарителство

Во Националната галерија на Македонија-Мала станица во периодот од 10 до 24 ноември е поставена изложба составена од делата на осмата ликовна колонија организирана под покровителство на Црвен крст на град Скопје.

На истата беа доделени награди за најуспешни на полето крводарителството за 2007 година:
наградата за Работна организација отиде кај ЕБР (Единица за брзи распределувања) при МВР на Р.Македонија, Најуспешна Образовна институција е факултетот за Ветеринарна медицина Скопје, Мотиватор со постигнати најдобри резултати е г. Љубиша Трајковски од ООЦК Гази Баба, за најдобри резултати во спроведување на годишниот план наградена беше општинската организација на Црвен крст Центар, на полето мотивирање и унапредување на крводарителството за 2007 год. наградата замина во ООЦК Кисела Вода и Човекот кој 111 пати дарувал крв и беше прогласен за најдобар крводарител за 2007 г. -Душко Арголоски од ООЦК Чаир.

 

Принципи
Хуманост
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Единство
Во една држава може да има само едно национално друштво на Црвениот крст или Црвената полумесечина. Мора да биде отворено за сите и да ја извршува својата хуманитарна работа на целата територија во земјата.
Универзалност
Меѓународното Движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина, во кое сите друштва што го сочинуваат имаат еднаков статус, одговорности и должности взаемно да се помагаат, делува во целиот свет.
Доброволност
Тоа е движење за давање на доброволна помош кое не е инспирирано од материјални побуди.
Неутралност
Меѓународното движење на Црвениот крст и Црвената полумесечина настана како резултат на желбата да им се помогне на ранетите на бојното поле и тоа без било каква пристрасност, како и да го спречи и олесни човековото страдање секогаш кога е тоа можно.
Непристраност
Не прави дискриминација врз основа на национална, расна, верска и класна припадност или политичко убедување. Настојува да ги олесни страдањата на поединците, водејќи се исклучиво од нивните потреби но, давајќи приоритет на најитните случаи.
Независност
Движењето е независно. Националните друштва иако делуваат како дополнение на хуманитарните служби на владите и се предмет на регулирање на националното законодавство, мораат да ја зачуваат автономноста за да можат да дејствуваат во секое време, согласно со принципите на Движењето.