Лицата во трето доба-позитивни примери
Заради пандемијата многу работи во нашите животи и нашето секојдневие се променети. Многу волонтери и корисници кои се дел од Центрите и Сервисите на Црвениот крст ги прекинаа своите ангажмани заради грижата за сопственото здравје, а со тоа и здравјето во заедницата.
Дневниот центар за лица во трето доба веќе неколку месеци е затворен, и само медицинските сестри ги посетуваат корисниците во домашните услови. Но, со намалување на бројките и со вакцинација, лицата во трето доба иницираат враќање кон редовните активности. Една од активностите се Чи-конг вежбите кои веќе два месеци, два пати неделно се организираат во Градскиот парк. Оваа активност повеќе од десетина години се практикува за корисниците на Дневните центри на Црвен крст на град Скопје.
За менталното здравје потребна е социјализација, физичка активност, спојување со природата, а сето тоа како „таен рецепт“ го знаат корисниците кои се редовни на Чи-конг вежбите.